понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Хроника

Македонец и двајца Турци со лажни тестови сакале да ја напуштат Македонија

Македонец и двајца Турци со лажни тестови сакале да ја напуштат Македонија

На Граничен премин „Делчево” синоќа во 21:30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(20) од Виница и Г.Е.(28) и Ф.Ц.(30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат.

Лицата биле придадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Локални избори 2021