На крајот на минатата недела, МВР во дневниот билтен информираше дека три автомобили марка „Мерцедес“, „БМВ“ и „порше“ биле украдени од автосалон во Скопје. Возилата биле пронајдени во Гостивар, пренесува порталот „Гостиварпресс“.
Според првичните сознанија, возилата биле пронајдени на различни локации во Гостивар, а едното од нив, „мерцедесот“, бил паркиран во близина на автобуската станица.
За сега нема информации за сторителите на кражбата.
Се очекува МВР да соопшти повеќе информации во врска со случајот.