сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Хроника

Ловџија погоден од заскитан куршум кај селото Луке

Ловџија погоден од заскитан куршум кај селото Луке

Во Полициската станица Крива Паланка вчера околу 13:00 часот било пријавено дека на место викано „Петини рид“, атар на село Луке, кривопаланечко, М.Д.(37) од Крива Паланка, додека бил на лов, бил погоден од залутано зрно и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус