петок, 20. мај 2022. Вести денес: 109
home Хроника

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

На терен беа излезени сите расположливи сили на Битола, во соработка со полицијата, сообраќајот беше запрен во овој дел од градот, а беше исклучена и струјата.

Горан Димкоски, командиротот на Противпожарната единица во Битола изјави дека пожарот е ставен под контрола и со интервенцијата е спречено да бидат зафатени околните објекти, како што се силосите со жито.

Тој рече дека се прави проверка и доизгаснување на делови од објектот, како и во помалиот објект до главниот и дека на терен е дојдена нова екипа од пожарникари.

Потврдено е дека нема повредени од пожарот, а материјалната штета во моментов не може да се утврди, нејзината висина ќе се утврдува од утре.

На терен беа излезени сите расположливи сили на Битола, во соработка со полицијата, сообраќајот беше запрен во овој дел од градот, а беше исклучена и струјата.

Пред 21 часот во Битола започна да врне снег, што дава надеж дека ќе помогне да не се самоактивира оган.

Фабриката за леб „Жито Битола“ е од времето на социјализмот, а сега со објектите стопанисува „Ангро механизација- Жито Битола” која тука има пекара, млин и силос.

Коронавирус