понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 45
home Хроника

Лишен од слобода дилер од Струга

Лишен од слобода дилер од Струга

На 23.08.2018 година во 00.45 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.О. (27) од с.Делгожда, струшко, во кое совозач бил М.Д.(29) од с.Делгожда.

При легитимирање М.Д. фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана.

Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Коронавирус