четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Хроника

Лишен од слобода 51-годишен штипјанец – бил затекнат во кражба

Лишен од слобода 51-годишен штипјанец – бил затекнат во кражба

На 30.03.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.И.(51) од Штип затоа што на 29.03.2021 во 22.45 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „кражба“ од магацински простор на ул.„Железничка“ во Штип и не ја почитувал мерката забрана за движење во периодот од 22.00 до 05.00 часот. Украдените предмети биле одземени и вратени на оштетеното лице.

По целосно документирање на случајот против Ј.И. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Коронавирус