сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 69
home Хроника

Лихвар од Прилеп зел комби за долг од 70.000 денари

Лихвар од Прилеп зел комби за долг од 70.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во текот на јули 2019, П.Ј. од Неготино од пријавениот побарал на заем 70.000 денари, кој го условил со несразмерна камата. Притоа, пријавениот, како залог зел комбе, сопственост на П.Ј. и бугарска патна исправа на име на П.Ј.

Според пријавеното, тој во четири наврати на пријавениот му исплатил вкупно 25.000 денари како камата, а кога на 06.09.2019 отишол да го исплати долгот, пријавениот не ги зел парите и го задржал комбето за себе.

Коронавирус