СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
-Тој, на 06.10.2020 во полициската станица Охрид пријавил дека претходниот ден во охридското село Куратица непознат сторител му одзел мобилен телефон и пари. По преземени мерки, било констатирано дека во тој период пријавениот не престојувал на подрачјето на СВР Охрид, соопшти полицијата.