понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Лажна тревога за бомба на „Партизанска“, полицијата држеше дел од булеварот под блокада

Лажна тревога за бомба на „Партизанска“, полицијата држеше дел од булеварот под блокада

Поради лажна дојава за поставена бомба вечерва блокиран беше дел од булеварот „Партизански одреди“.

Првично Алсат-М јави дека било пријавена направа која зуела многу силно, а бил направен и безбедносен периметар околу просторот.

Сепак, полициските службеници на терен пред пазарчето Буњаковец пронашле две оставени пазарски ваги.

Во овој момент ситуацијата е нормализирана, а пуштен и сообраќајот по булеварот.

Коронавирус