среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 63
home Хроника

КУРИР со детали по пожарот во станот во Кисела Вода- станарите се уште немаат пристап до своите домови, увидот е во тек

КУРИР со детали по пожарот во станот во Кисела Вода- станарите се уште немаат пристап до своите домови, увидот е во тек

КУРИР утрово дознава дека треба да започне увидот во станот кој вчера беше пеплосан во пожар.

Вчера во текот на денот целиот влез беше испразнет, а на станарите не им беше дозволено да се вратат дома за да преноќат.

Полицијата го обезбедуваше влезот во текот на ноќта од кражби, а истиот влез и соседниот вчера и денеска се без електрична енергија, а во моментов по увидот треба да изврши увид и екипа на ЕВН.

Граѓаните кои ги затече екипата на КУРИР утринава велат дека денеска се вратиле пред зградата во обид да дознаат кога ќе може да се вратат дома и да имаат пристап до своите живеалишта за да видат дали и во нивните станови има евентуална штета.