понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 3
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

КУРИР дознава: Вооружен грабеж вечерва во Ново Лисиче

КУРИР дознава: Вооружен грабеж вечерва во Ново Лисиче

Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила вечерва во скопската населба Ново Лисиче, дознава КУРИР.

Аптека на улицата „Февруарски поход“ е ограбена под закана со оружје.

Пред да затворат со смената, вработените биле нападнати, а потоа и ограбени.

Очевидец за КУРИР раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и кладилница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.

Како што дознава КУРИР, грабежот се случил околу 22 часот, а полицијата и во моментов е на терен.