недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Хроника

Курир дознава: Разбиена голема група за шверц на мигранти од Струмица

Курир дознава: Разбиена голема група за шверц на мигранти од Струмица

Голема полициска акција се одвивала вчера на територијата на Струмица, дознава Курир.

Како што дознаваме полицијата разбила организирана група која долг период работела со шверц на мигранти.

Во моментот на акцијата лицата кои биле уапсени биле со возила марка „БМВ Х5“, „Крајслер“ и „Пежо 207“. Кај лицата биле пројдени вкупно 9 мигранти кои нелегално сакале да ја преминат територијата на Република Македонија.

Во моментов уапсените лица се изведени пред судија на предходна поставка, а против нив е поднесена соодветна кривична пријава. За нив се бара притвор или мерки на претпазливост.