среда, 31. мај 2023. Вести денес: 104
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Хроника

КУРИР дознава: Пукање со огнено оружје во Чаир

КУРИР дознава: Пукање со огнено оружје во Чаир

Полиција во скопски Чаир. Улицата кај Јаја Паша е блокирана. КУРИР побара одговор од Министерството за внатрешни работи за тоа што се случува во овој дел на Скопје.

Од таму информираат дека во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.“Цветан Димов“ пред продавница за автоделови.

Како што дознаваме, до сега нема пријавено повредени лица.

-На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР за КУРИР.