петок, 3. декември 2021. Вести денес: 154
home Хроника

Купувале возила, ама не ги плаќале – кривични пријави за тројца измамници од Скопје

Купувале возила, ама не ги плаќале – кривични пријави за тројца измамници од Скопје

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

-Имено, Н.И. на 13.04.2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д“ за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите, информира МВР.

Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12/11/2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ имал оглас за продажба на моторно возило „фолксваген поло“.

Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра.

Коронавирус