вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Куманово: Тешко повредил пешак, па избегал со автомобилот

Куманово: Тешко повредил пешак, па избегал со автомобилот

Непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со непознати регистарски ознаки синоќа на улица „Тоде Мендол“ во Куманово удрило во пешакот А.И.(48), по што го напуштило местото на настанот.

МВР информира дека по незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.

Локални избори 2021