четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановец тешко повреден, со мопед излетал од патот

Кумановец тешко повреден, со мопед излетал од патот

На 04.06.2019 во 17:30 часот на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и  се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.