петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 69
home Хроника

Кумановец тешко повреден: Насилник го нападнал и го ранил со остар предмет

Кумановец тешко повреден: Насилник го нападнал и го ранил со остар предмет

На 04.06.2018 година во 22:10 часот на бул. „3-та МУБ“ во Куманово, Д.Т. (32) од Куманово бил физички нападнат од непознато лице.

Насилникот со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица.

Д.Т. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.