сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Хроника

Кумановец пронашол рачна бомба во неговиот двор

Кумановец пронашол рачна бомба во неговиот двор

Кумановец синоќа пријавил во полиција дека пронашол рачна бомба во неговиот двор.

Во СВР Куманово синоќа во 19,15 часот Т.В.(44) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол рачна бомба М-50 од Втората светска војна.

Од стручно лице од ДЗС-Куманово, информираат од МВР, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.