петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Хроника

Кумановец ја нападнал сопругата со остар предмет среде плоштад- полицијата ведаш го уапсила

Кумановец ја нападнал сопругата со остар предмет среде плоштад- полицијата ведаш го уапсила

Кумановец ја нападнал сопругата на плоштадот во Куманово, по што бил уапсенод полицијата.

„На 18.10.2019 во 18.45 часот во Куманово бил лишен од слобода С.Т.(45) од село Речица, кумановско, затоа што со остар предмет на плоштад „Маршал Тито” ја нападнал сопругата Л.Т.(43) од с.Речица, кумановско, со која не живееле заедно и претходно имале расправии, но по интервенција на полициски службеник бил спречен во намерата. С.Т. и претходно ја нападнал Л.Т. во домот“ стои во соопштение од МВР.

По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок.