На 24.03.2019 година во 04:00 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ патничко моторно возило „Сеат леон“ со кумановски регистерски таблици управувано од Б.П.(26) од Куманово излетало од коловозот и со тешки телесни повреди се здобил возачот.
Б.П. бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.