понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 120
home Хроника

Кумановец избоден со остар предмет, уапсено едно лице: Познат идентитетот на двајцата

Кумановец избоден со остар предмет, уапсено едно лице: Познат идентитетот на двајцата

Лице кое престојувало во зградата на поранешен хотел „Кристал“ во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.

Дваесет и седум годишниот У. З.,  кој привремено престојува во поранешен хотел „Кристал“, вчера во 18:50 часот пријавил во  кумановската полиција дека кај него дошол 32-годишниот С.Т. од Куманово и по вербална расправија со остар предмет му нанел повреда на левата рака.

С.Т. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.