петок, 5. март 2021. Вести денес: 103
home Хроника

Кумановци фалсификувале пари, па ги користеле во казино

Кумановци фалсификувале пари, па ги користеле во казино

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) и Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

-Пријавените, на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23.01.2021, во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното, информира МВР.

Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово. Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени.

Коронавирус