среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 19
home Хроника

Куќен притвор за тетовец: Во домот чувал оружје и куршуми

Куќен притвор за тетовец: Во домот чувал оружје и куршуми

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 17-ти октомври во домот на осомничениот, 32-годишен жител на село Копнаце, пронајдени се оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети и тоа една автоматска пушка. една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 мм, 162 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден куршум калибар 7,65 мм и еден пиштол марка Барета. Пронајденото оружје и муниција се одземени

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.