среда, 18. септември 2019. Вести денес: 31
home Хроника

Кучиња скитници напаѓаат во центарот на Скопје: Уште две лица искасани

Кучиња скитници напаѓаат во центарот на Скопје: Уште две лица искасани

Вчера во 10:25 часот во Полициската станица Центар, Д.К.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08:00 часот на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Исто така, во 17:00 часот вчера во Полициската станица Центар, П.Д.(69) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.