недела, 19. мај 2019. Вести денес: 8
home Хроника

Кучиња скитници нападнаа во Карпош, две лица повредени

Кучиња скитници нападнаа во Карпош, две лица повредени

Две лица од скопската населба Карпош вчера попладне биле нападнати од куче скитник, при што им биле нанесени повреди на телото.

Според полицискиот извештај:

На 15.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 15.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(64) од Скопје пријавил дека на 14.05.2019 година околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.