четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Кучиња скитници каснале три лица

Кучиња скитници каснале три лица

Три лица, во Велес, општина Центар и село Црешево, во текот на изминатите денови биле каснати од кучиња скитници.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Велес лицето Н.Н. (52) било нападнато од кучиња скитници на улицата „Живко Фирфов“, при што било каснато на десната потколеница.

Лицето С.С (61) вчера на улица „Македонија“ било каснато од куче скитник на левото стапало.

Лицето П.Н. (39), вчера пријавило дека во село Црешево, куче го каснало неговиот деветгодишен син во пределот на левата подлактица.

Коронавирус