четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 158
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Хроника

Крвава пресметка во скопски Аеродром синоќа на полноќ

Крвава пресметка во скопски Аеродром синоќа на полноќ

Во угостителски објект лоциран на бензиската пумпа на булевар „Србија“, ноќеска околу 00:05 часот, поради претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир, помеѓу А.У.(31), А.Т.(29) и А.М.(28) сите од Скопје, од една страна и М.Б.(18) и 17-годишна девојка, двајцата од Скопје, од друга страна.

Во тој момент, М.Б. се јавил на лицата Е.Д.(21) од село Кондово и Р.И.(23) од село Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, пред бензиската пумпа, М.Б., Р.И. и Е.Д. го нападнале А.У. и А.Т., при што Р.И. со нож им нанел повреди.

Повредените лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

По нападот, напаѓачите со патничко моторно возило го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајна незгода со друго возило.

Во ПС Аеродром се приведени Р.И. и Е.Д. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус