вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Крвава кафеана во Куманово- со нож го исекол на лицето и левата рака, па побегнал

Крвава кафеана во Куманово- со нож го исекол на лицето и левата рака, па побегнал
фото-илустрација

Вчера во 19:05 часот во Полициската станица Куманово, С.С.(45) од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.

С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15:00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал.

После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус