На 18.05.2022 во 13.15 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(52) од село Осиче, кривопаланечко, затоа што во Меѓуопштински центар за социјални работи во Крива Паланка со остар предмет го нападнал Г.Ц.(45).
С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.