СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(70) од селото Слатински Чифлик и против У.В.(37) од селото Лескоец.
Против лицата, информира МВР, се поднесени пријави поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „фалсификување на огнено оружје“ и поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес во домот на В.В. биле пронајдени и одземени една ловна пушка „Моссберг“, еден пиштол „Црвена Застава“ и 22 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола за држење и користење.
При претрес извршен во домот на второпријавениот во селото Лескоец била пронајдена марихуана.