среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Хроника

Кривични пријави за тројца кумановци: Едниот тепал, двајца кршеле во ресторан

Кривични пријави за тројца кумановци: Едниот тепал, двајца кршеле во ресторан

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

Дваесет и пет годишниот Е.З., на први јануари годинава, во ресторан во село Слупчане, физички го нападнал Г.А. и со стаклена чаша го удрил по глава и го повредил.

Дваесетгодишниот М.С. и триесет и две годишниот Ф.А. го кршеле инвентарот во ресторанот.

Коронавирус