вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 76
home Хроника

Кривични пријави за две лица од Дебарско поради тешки кражби

Кривични пријави за две лица од Дебарско поради тешки кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе четири кривични за четири тешки кражби.

Кривични пријави се поднесени против М.Р. (26) од село Житинени и М.С.(29) од село Бајрамовци, Центар Жупа.

Во периодот од 1 октомври до 1 декември 2016 година на подрачје на Дебар во куќи и деловни објекти, пријавените извршиле четири тешки кражби.

Со употреба на подесен предмет и физичка сила делувале на влезните врати и прозорци и одзеле 2.200 евра, 4.000 денари, златен накит, 200 куршуми калибар 9 мм и облека во вредност од 60.000 денари, со што предизвикале материјална штета од околу 250.000 денари.

Коронавирус