недела, 29. март 2020. Вести денес: 36
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Кривични пријави за двајца кичевчани поради непочитување на полициски час

Кривични пријави за двајца кичевчани поради непочитување на полициски час

Полициската станица-Кичево поради основи на сомнение за сторено казнено дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, поднесе кривични пријави против лицата А.И.(22) и Д.П.(50) и двајцата од Кичево.

– Лицето А.И. не се придржувало до мерката за забрана на движење на граѓаните во временскиот период од 21 до 5 часот, откако на 21.03 во 21,15 часот, во време кога е на сила полицискиот час на „Булевар Ослободување“ управувал автомобил „Голф“, по што бил приведен во полициската станица. Второпријавениот Д.П. исто така не се придржувал до мерката за забрана на движење на граѓаните од 21 до 5 часот, заради спречување на ширење на Ковид-10, тој на 24 март во 00.35 часот на магистарлниот пат Кичево-Охрид управувал ПМВ „Голф“, по што бил приведен во полициската станица во Кичево – изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски.