четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 42
home Хроника

Кривични пријави за четири лица за несреќата во која загинаа двајца илегални мигранти

Кривични пријави за четири лица за несреќата во која загинаа двајца илегални мигранти

Полицијата поднесе кривични пријави за четири лица,  Ќ.Н. (31), Џ.Н. (33) , М.Н. (21) тројцата од Скопје и П.П. (39) од Гевгелија, за „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење мигранти“ за случајот во кој во сообраќајна несреќа што се случи на патот Радовиш – Штип загинаа двајца, а беа повредени 12 илегални мигранти.

Како што информира МВР, со цел стекнување противправна имотна корист пријавените организирале криминална група за криумчарење на илегални мигранти што потоа нелегално биле пренесувани од територијата на Република Грција во Република Македонија, каде биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од Ќ.Н., а потоа мигрантите ги превезувале кон липковско-кумановскиот регион, каде времено ги  засолнувале и ги криумчареле кон Србија и земјите на ЕУ.

Според документираните сознанија, на 22-ри минатиот месец пријавените Ќ.Н. и М.Н., по претходен договор со Џ.Н. од  правно лице од Скопје купиле товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски ознаки на име на третопријавениот, а потоа возилото со купопродажен договор го префрлиле на име на П.П. со цел прикривање на трагите на сопственост на возилото.

По префрлување на група од 23 илегални мигранти преку т.н. “зелен појас“ од Грција во Македонија, на 25 јуни согласно претходниот меѓусебен договор на членовите на криминалната група, П.П. со возилото „Ивеко“ од село Богородица, преку Валандово и т.н. „Валандовско брдо“, се упатил на договорена локација во близина на село Костурино, Струмичко, каде што биле мигрантите. П.П. ги прифатил мигрантите по потекло од Бангладеш и Шри Ланка, ги сместил во затворениот-товарен дел од возилото и се упатил кон Штип со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион.

При  транспортот заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, П.П. изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда, поради што од силината на ударот на лице место починале двајца од 23-та илегални мигранти кои ги превезувал, додека 12 биле тешко повредени. По собраќајната несреќа, П.П. успеал да побегне од местото на несреќата.

По преземени мерки и активности врз основа на издадени наредби за преземање на истражни дејствија, извршени се претреси на три локации од кои две во Скопје и една во Гевгелија. Лицата П.П. и Џ.Н. се лишени од слобода.

Коронавирус