сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Хроника

Кривични пријави против 3 лица поради непочитување на здравствени прописи

Кривични пријави против 3 лица поради непочитување на здравствени прописи

ОВР Ресен поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 14.08.2020 полициски службеници, при контрола во домот на пријавената утврдиле дека не ја почитувала потпишаната изјава за самоизолација.

СВР Штип поднесе кривична пријав против Н.Н.(64) и С.Ј.(24), двете од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 10 и 15.08.2020 во домовите на пријавените, полициски службеници извршиле контроли за придржување на мерките за заштита од COVID- 19, но тие не биле затекнати во домовите, со што не ги почитувале мерките на изолација и лекување во домашни услови.

Коронавирус