вторник, 21. март 2023. Вести денес: 30
home Хроника

Кривична за убиството со умисла во Штип: Синот со нож го избодел таткото во глава

Кривична за убиството со умисла во Штип: Синот со нож го избодел таткото во глава

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против Г.Б. (29) и И.Д. (24), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот закони на Република Македонија.

-Во периодот од 21 часот на 20.02.2018 до 07.15 часот на 21.02.2018 година пријавените во куќа на ул. „Сутјеска“ во Штип, со умисла го лишиле од живот Т.Б. (62) од Штип, татко на првопријавениот, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека додека Т.Б. спиел во една од собите,  Г.Б. и И.Д најпрвин физички го нападнале со удари со раце, со тапи предмети, по што Г.Б. со нож му нанел неколку убоди во пределот на главата од кои Т.Б. починал.

 

loading...