четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Кривична за три лица, им се заканувале на вработени во фирма и во Општина Боговиње

Кривична за три лица, им се заканувале на вработени во фирма и во Општина Боговиње

СВР Тетово поднесе кривични пријави против три лица, едно од Тетово и двајца од Боговиње. Портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски информира дека лицата се сомничат за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, во два одвоени случаи.

Во првиот случај пријавата е поднесена против Љ.И.(29) од Тетово.

-На 17.09.2020 во Тетово, на ул.„142“, додека А.Б. и Љ.Ѓ., вработени во фирма, извршувале работни задачи, Љ.И. им упатил закани, по што со остри предмети скршил ормар кој оштетените го поставувале, информира Јосифоски.

Вториот случај е регистриран на 29-ти минатиот месец, а кривична пријава заработиле Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), двајцата од с.Боговиње

-Додека Ф.Џ. од с.Камењане, тетовско, бил на работното место во Општина Боговиње, во неговата канцеларија влегле Ќ.Б. и В.Б. и почнале агресивно да се однесуваат, упатувајќи му закани, посочува Јосифоски.

Коронавирус