понеделник, 30. јануари 2023. Вести денес: 32
home Хроника

Кривична за тетовецот кој ги претепа сопругата и нејзиниот татко

Кривична за тетовецот кој ги претепа сопругата и нејзиниот татко

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „телесна повреда“ при семејно насилство, „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и „тешка телесна повреда“.

-На 20.06.2018 година во семејниот дом во Тетово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга З.Р. (32), нанесувајќи и телесни повреди, како и нејзиниот татко на кого му нанел тешки телесни повреди, информираат од МВР.