сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 9
home Хроника

Кривична за седум лица за трговија со дрога

Кривична за седум лица за трговија со дрога

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка соработка со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава против А.М.(27) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело“, во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Р.А.(35) од с.Житоше, прилепско, Г.Х.(42) од Р.Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ.(29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-На 16.11.2020, Г.Х. пренел дрога од Р.Албанија на територијата на Р.С. Македонија и во Дебар му ја предал на А.М., кој пак, по претходен договор со П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на КПУ „Теферич“ во Струга. Потоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршиле претрес во собата каде П.Ѓ. веќе издржува казна затвор поради недозволена трговија со дрога, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението Cannabis, мобилен телефон и сим картичка, со што П.Ѓ. повторно го врши кривичното дело. По преземени мерки било утврдено дека Р.А. во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница. На 21/22.11.2020 А.М. дрогата ја предал на Ф.П.. Потоа, на 25.11.2020 Р.А. и А.М. ја продале на П.Ѓ. за сума од 3.000 евра. На 26.11.2020 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони. На 26.11.2020 бил извршен претрес во викенд куќа во с.Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени 1 килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка. Исто така, на 26.11.2020 полициски службеници извршиле претрес на Р.А. во КПД Прилеп, му бил одземен мобилен телефон и СИМ картичка. Притоа, Р.А. веќе издржува затворска казна од триипол години за недозволена трговија со дрога, откако при преглед од полициски службеници извршен на 02.12.2019, му биле пронајдени 5 кг марихуана, со што тој, додека ја издржува казната, го повторил кривичното дело. При претрес извршен кај А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра, информира МВР.

Од извршеното вештачењето било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана.

Коронавирус