понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за матичар кој издал извод за починато лице иако истото е живо

Кривична за матичар кој издал извод за починато лице иако истото е живо

До Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против 43-годишен вработен во Управата за водење матични книги во Скопје за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во Матичната книга на умрени внел податоци за лице кое е живо.

Од МВР соопштија дека матичарот, делото за кое се сомничи, го сторил во текот на август лани, поттикнат од второпријавената В.Т. против која пак е поднесена кривична пријава за поттикнување. Тој без да добие соодветна, потребна документација за впишување смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со нецелосна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако таа е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои В.Т. на незаконит начин ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.

Кривичните пријави против двете лица ги поднесе Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Коронавирус