вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 61
home Хроника

Кривична за крадец од Скопје: Девојката која му помогнала во грабежот ја нашле кај него дома

Кривична за крадец од Скопје: Девојката која му помогнала во грабежот ја нашле кај него дома

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ и против Л.А. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „помагање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 680.000 денари.

На 16.10.2018 година околу 07 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата Брза пратка на булевар „Јане Сандански“. Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.

Во саботата врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов“, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.

Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената.

Коронавирус