понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 19
home Хроника

Кривична за кавадарчанец: Не им застанал на полицајците, а од возилото фрлил кеса со марихуана

Кривична за кавадарчанец: Не им застанал на полицајците, а од возилото фрлил кеса со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.

На 17.01.2019 во Кавадарци, пријавениот не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и од возилото, кое го управувал, фрлил кеса во која имало марихуана.

Подоцна, на излезот од село Ваташа, пријавениот бил сопрен и лишен од слобода.

Коронавирус