среда, 19. декември 2018. Вести денес: 124
home Хроника

Кривична за двајца скопјани: Со нож прободеле сопственик на кафуле и негов пријател

Кривична за двајца скопјани: Со нож прободеле сопственик на кафуле и негов пријател

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Р.(23) и А.Т.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”.

На 7-ми овој месец во 22.30 часот во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје, додека сопственикот Д.С. седел со лицето А.П, дошле пријавените Е.Р. и А.Т. и физички ги нападнале, при што на Д.С. и на А.П. им се нанесени и повреди со нож во пределот на градниот кош.

Нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

По настанот, сторителите биле приведени и задржани во полициска станица.