петок, 6. декември 2019. Вести денес: 85
home Хроника

Кривична за 24- годишен скопјанец: Извршил тешка кражба во Илинден, па претепал и ограбил таксист

Кривична за 24- годишен скопјанец: Извршил тешка кражба во Илинден, па претепал и ограбил таксист

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Е.Б. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.

На 10.03.2018 година пријавениот со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.