понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 141
home Хроника

Кривична против агент за недвижности од Скопје, зел капар за станови и не го уплатил

Кривична против агент за недвижности од Скопје, зел капар за станови и не го уплатил

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

-Имено, во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен, информира МВР.

Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

Локални избори 2021