сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 33
home Хроника

Кривична пријава за Тетовец за нелегално поседување и изработување на оружје и муниција

Кривична пријава за Тетовец за нелегално поседување и изработување на оружје и муниција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Р.Р.(64) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „загрозување на сигурноста“.

Како што соопшти МВР, на 19-ти овој месец полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле автоматска пушка, пиштол „Глок’’ со шест куршуми, 29 куршуми од автоматска пушка со калибар 7,62 мм, 25 парчиња пиштолска муниција со калибар 7,62 мм и седум куршуми „Магнум 357“.

Додека во јуни 2019 во домот на неговиот братучед Р.И., пријавениот во два наврати упатил закани по животот на Р.И. и животот на членовите од неговото семејство.

 

Коронавирус