четврток, 30. март 2023. Вести денес: 133
home Хроника

Кривична пријава за стружанец за кражба

Кривична пријава за стружанец за кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.К. (57) од Струга.

Пријавениот, како што соопшти денеска СВР Охрид, во периодот јануари-март оваа година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во куќа на улицата „Стив Наумов“ во Струга.

По извршеното пребарување по собите, како што е наведено, одзел еден телевизор, повеќе парфеми, златен накит, комплети „Сваровски“ и други предмети.