вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 32
home Хроника

Кривична пријава за стружанец кој пукал во дебарското село Џепиште

Кривична пријава за стружанец кој пукал во дебарското село Џепиште

Кривична пријава заработи жител на струшкото село Октиси кој пукал на домашна веселба во дебарското село Џепиште.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(62) од струшкото село Октиси. Тој, на 19 јули 2020 година во 16:50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба пукал од пиштол, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Расположениот стружанец во куќа сопственост на Е.Е. од селото Џепиште, испукал седум куршуми од пиштол „застава М-57“ калибар 7.62 мм.

Според Димоски, Џ.И.пиштолот го поседувал со дозвола. (МИА)

Коронавирус