понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 66
home Хроника

Кривична пријава за сопственикот на фирмата во која на лице место загина 34 годишниот работник кој го поклопи палета со гранитни плочи

Кривична пријава за сопственикот на фирмата во која на лице место загина 34 годишниот работник кој го поклопи палета со гранитни плочи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Р.(44) од с.Боговиње, тетовско, сопственик на фирма од Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“.

На 15.02.2021, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од с.Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово – Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што Ј.С. од здобиените повреди починал на местото на настанот, додека С.И. се здобил со тешки телесни повреди.

Локални избори 2021