недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот

Кривична пријава е поднесена против сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот спротивно на одлуката за Владата за ограничување на работното време.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против Ш.А. (48) од тетовското село Речица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Полициските службеници при направената контрола во објектот синоќа околу 30 минути по полноќ затекнале во објектот седум гости кои биле служени со пијалоци.

За констатираната состојба известени се и инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово.

Коронавирус